mksqen
17
Сре, Апр
0 Нови / 7 дена

Пет приоритети на Обединетите нации за следните пет години

Пет приоритети на Обединетите нации за следните пет години

Типографија

Програма во вредност од 120,9 милиони долари за зголемување на вработеноста, социјална инклузија, добро владеење, одржлива животна средина и родова еднаквост ќе се спроведува во земјава.

Тоа се петте приоритети на Организацијата на Обединетите нации за Македонија, согласно новата стратегија „Партнерство за одржлив развој“ 2016-2020.

Новата стратегија е развиена во консултации со националните партнери. Како што информираат од канцеларијата на ОН во Скопје, таа ги усогласува активностите на Обединетите нации со Одржливите цели за развој на глобално ниво и со членство во Европската унија на регионално ниво. Исто така, поддржува бројни национални стратегии и акциски планови во повеќе сектори.

Владата ја усвои новата стратегија на Обединетите нации на 26 октомври. Со започнување на новата програма, семејството на Обединетите нации во земјата ќе го усвои пристапот “Остваруваме како еден” за да обезбедат постратешко заедничко планирање и програмирање.  Со овој пристап ќе се осигура дека 10-те агенции на ОН што имаат канцеларии во земјата и уште осум агенции кои имаат регионални или глобални центри ќе работат во координирано партнерство кон остварување на целите кои што се договорени во новата стратегија. Агенциите што имаат канцеларии во Македонија вработуваат вкупно 221 лице, што укажува дека присуството на ОН е на завидно ниво.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија