mksqen
16
Вто, Апр
0 Нови / 7 дена

На Охрид му се заканува губење на статусот на заштитено подрачје

На Охрид му се заканува губење на статусот на заштитено подрачје

Типографија

Идната година УНЕСКО во Македонија праќа советодавна мисија која треба да и помогне на владата да ги отстрани сериозните забелешки нотирани во заклучоците на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО донесени на седницата одржана во јули во Истанбул, Турција.

Во забележките се наведува дека охридскиот регион се соочува со опасност да биде впишан во листата на загрозени подрачја, што се толкува како чекор до губење на статусот на заштитено подрачје. Информацијата ја потврди регионалната канцеларија на УНЕСКО во Венеција.

  • Очекуваме наскоро да ја добиеме целокупната документација од државата, по што на почетокот на следната година во Македонија ќе дојде мисија на УНЕСКО, а потоа подетално ќе може да се произнесеме за состојбата на заштитеното културно и природно наследство во Охридскиот регион. Тоа е мисија од советодавни тела на УНЕСКО која доаѓа на барање на владата - вели Синиша Шешум од Регионалната канцеларија на УНЕСКО во Венеција.

УНЕСКО предупредува дека измената на планот за Националниот парк „Галичица“, кој предвидува изградба на експресен пат, ски центар и три туристички зони ќе има значителни негативни влијанија и претставува потенцијална опасност за исклучителната универзална вредност на природното наследство. И покрај ваквите предупредувања постапката за реализација на овие проекти продолжува.

Загриженост изразуваат и домашните експерти, посочувајќи дека Македонија има обврска да го заштити вредното културно и природно наследство.

  • Искрено не можеме многу да се пофалиме дека ги почитуваме регулативите, урбанизиацијата и економскиот развој го прават своето, но ние сме тука за да го заштитиме и зачуваме за следните генерации природното и културното богатство не само на Охрид, туку и на регион во кој спаѓаат и Струга и Дебрца и да го претставиме пред светската јавност - вели  Зоран Павлов од Управата за заштита на културното наследство на Македонија.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија