mksqen

Почвата во Велес се чисти со репка

Почвата во Велес се чисти со репка

Типографија

Никна маслодајната репка што ја засадија активистите на еколошкото друштво Вила Зора од Велес.

Оваа акција на друштвото е со цел да се исчисти дел од велешката почва од загадувањето со тешки метали предизвикано од долгогодишното работење на топилницата. Садењето репка и други растенија е вообичаен метод на отстранување на металите од почвата, за таа да може да се користи во иднина.

Друштвото Вила Зора уште во јули имаше повик до сите заинтересирани граѓани на Велес да се пријават за акцијата за деконтаминација со маслодајна репка.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија