mksqen
18
Чет, Апр
0 Нови / 7 дена

Целосно ќе се реформира политиката на водоснабдување

Целосно ќе се реформира политиката на водоснабдување

Типографија

Ќе се изработи национална студија за тарифи за вода и ревидирање на политиката за вода.

Новиот закон за утврдување на цените на водни услуги, донесен во јануари 2016 ќе води до нови цени на водните услуги кои ќе се воведат на 1 јануари 2018 година. Моментално, регулаторната комисија за енергетика ги регулира цените на водните услуги, односно тарифите за сирова вода и за вода за пиење, отстранување и третман на отпадни води. Министерството за животна средина и просторно планирање со финансиска помош на ЕУ спроведува три проекти кои целосно ќе го реформираат водниот сектор во Македонија. Оваа информација ја објави невладината организација Гоу грин - Биди зелен.

Според информацијата, конзорциум од „Ептиса“, „Сетек“ и „Геинг“ потпишал договор вреден 1,85 милиони евра за да им помогне на локалните власти во Скопје, Тетово, Гостивар, Битола, Кавадарци, Струмица, Дебар, Радовиш, Кичево, Берово и во Куманово, да воспостават поефикасни системи за водоснабдување, како и за третман и одведување на отпадните води.

Веќе се разгледува функционирањето на јавните претпријатија за водоснабдување во сите опфатени градови и се подготвуваат планови за нивното подобрување. Меѓу мерките што се предлагаат е да се одвои водоснабдувањето и одведувањето на отпадните води од сите други дејности со кои се занимаваат претпријатијата. Ќе се подготвува национална институционална рамка и ќе се разгледуваат правните и организациските аспекти што можат да придонесат за подобрување на водоснабдителните системи.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија