mksqen
18
Чет, Апр
0 Нови / 7 дена

Се чисти сливот на реката Струмица како превенција од поплави

Се чисти сливот на реката Струмица како превенција од поплави

Типографија

Десетина дена се чисти сливот на реката Струмица, дел од проектот на УНДП и ЕУ преку програмата за санација на штети од поплави во висина од седум милиони евра.

Во моментот освен на реката Струмица каде е опфатен потек од 24 километри, се работи и на чистење на каналите и во Пелагонија.

Во правата фаза ќе се чисти реката Струмица од вегетација, а втората фаза ќе биде чистење од наноси.

  • Чистењето е приотритена мерка за да се врати проектираната пропустливост на каналите со цел да се прифатат помалите и почести води кои за жал во минатите години прават често поплави. Со самото чистење на вегетацијата и правење насипи и отстранување на наносиот од некои критични делници ќе може да спречиме штети од околу милион и 200 илјади евра. Само со оваа мерка - вели Димитрија Сековски, раководител на програмата на ЕУ за санација на штети од поплавите.

Од УНДП, најавуваат дека во наредните години ќе бидат вклучени и други мерки како што е режимот на управување на акумулациите, системот на прогностика и систем на модели на управување на ризикот од поплави. На овој начин, смета Сековски, операторите ќе може да ги предвидат поплавите, управителите на акумулациите да испуштат дел од водата за да може да го апсорбираат бранот кој доаѓа, што би резултирало со оптимална заштита од поплави во регионот која во иднина треба да се одржува за придовбивки на животната средина.

Од „Водостопанство на Македонија“ велат дека имаат распишано оглас за набавка на механизација за тековно одржување на реките.

  • Ние како акционерско друштво имаме распишано оглас за набавка на механизација во висина од 3,5 милиони евра. Изготвивме и доставивме извештај до министерството за животна средина и заедно со нив ќе пристапиме кон стратешко чистење на реките и нивна регулација за да се спречат поплави што е наша долгорочна стратегија - појаснува директорот Ромео Тренов.

Со проектот на ЕУ за чистење на сливот на реката Струмица досега санирани се критичните точки кај мостот во Просениково, Зубовски мост и на потегот од Зубово кон Моноспитовско блато.


BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија