mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Во Отешево одбележан меѓународниот ден на Зелениот појас

Во Отешево одбележан меѓународниот ден на Зелениот појас

Типографија

Во организација на мрежите од невладини организации Преспа Нет, а во соработка со трите општини од регионот Преспа, Ресен од Македонија, Преспес од Грција и Пустец од Албанија во туристичката населба Отешево беше одбележан Меѓународниот ден на „Зелениот појас“.

Месното население од трите страни на Преспанското Езеро ги презентираше своите традиционални производи поврзани со гастрономијата, а настанот го збогатија и културно уметнички друштва од Република Македонија и Република Грција. На манифестацијата присуствуваа и градоначалниците на трите погранични општини Ѓоко Стрезовски, Панајотис Пасхалидис и Едмонд Темелко.

Домаќинот на прославата на Меѓународниот ден на „Зелениот појас“, градоначалникот Стрезовски во своието обраќање посочи дека треба да се грижиме за она што ни го дала природата и да го оставиме на идните поколенија.

  • Ние делиме еден екосистем, дишиме ист воздух, пиеме иста вода и имаме милиони сопствени предизвици, но само една заедничка иднина во која главен влог е нашето природно богаство за кое треба да се грижиме и да го оставиме функционално на нашите поколенија - истакна Стрезовски.

Во рамките на манифестацијата се одржа велоспидска тура во Националниот парк „Галичица“, а беше поставена и изложба на фотографии од Балканскиот зелен појас.

Европскииот зелен појас се протега на повеќе од 12.500 километри низ 24 земји и е поделен на четири региони, а го симболизира глобалниот напор за заеднички, прекугранични активности за заштита на биолошката разновидност и одржливиот развој.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија