Првичните финансиски извештаи за првата половина од годинава покажале дека државното хрватско електростопанство остварило профит од 163 милиони евра, што е голем раст во однос на истиот период минатата година, кога профитот изнесувал 126 милиони евра.
Инвестициите на претпријатието се зголемиле за 72,5 отсто на 23,3 милиони евра, што вклучува изградба на капацитети што работат на биомаса, како и во информатичко-комуникациската технологија.
Приходот од продажба на електрична енергија се зголемил за 36,9 милиони евра, а оперативните трошоци се намалиле за 7,5 отсто, поради помалите трошоци за производство на електрична енергија.
Сите инвестиции биле финансирани од редовните приходи и од долгорочен заем. Претпријатието минатиот месец вложило 66,8 милиони евра во крајбрежните подрачја во Хрватска, наменети за да го подобрат хрватскиот туризам.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS