mksqen
17
Сре, Апр
0 Нови / 7 дена

Укината еколошката студија за мегапроект кај Дубровник

Укината еколошката студија за мегапроект кај Дубровник

Типографија

Управниот суд во Сплит ја поништил студијата за влијание врз животната средина за проект за изградба на терени за голф на планината Срѓ веднаш до хрватскиот град Дубровник.

Станува збор за пресуда по тужба што уште пред три ипол години ја поднела граѓанската иницијатива „Срѓ е наш“, здружението Зелена акција и Здружението на хрватски архитекти. Тие се бореле против одлуката на Министерството за заштита на животната средина дека студијата е прифатлива.

  • Во студијата тенденциозно се манипулираше со податоците, за влијанието врз околината да се прикаже како прифатливо. Така, во процената за штетните последици се исфрлени туристичките населби Босанка Север и Југ, но тие се ставени во проценката за економската корист за локалната заедница. На то начин се манипулира со големината на опфатот на проектот. Да се прогласи овој зафат за прифатлив за околината, без да се земе во предвид неговото влијание врз повеќе од 400 апартмани, сметаме дека е неприфатливо тргување со здравјето на граѓаните - рекол Енес Черимагиќ, правник од Зелена акција, при поднесувањето на тужбата.

Според Черемагиќ, на 27,9 хектари требало да се изградат 240 вили и хотел, иако на таквите подрачја според Законот за просторно планирање и градба може да се градат само придружни објекти за потребите од рекреативна намена.

Ова е уште една одлука во која управните судови во Хрватска пресудуваат против државните институции во врска со просторното планирање и заштитата на околината. Претходно тоа го сториле во врска со проект за терен за голф кај Мотовун, за измените на деталниот план за историското јадро на Сплит, како и за студијата за ветерници на Пељешац. Во сите случаи граѓански иницијативи ги поднеле тужбите.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Балкан