mksqen
11
Саб, Мај
0 Нови / 7 дена

Двојно поголеми штети од пожарите во Грција ова лето

Двојно поголеми штети од пожарите во Грција ова лето

Типографија

Штетите од пожарите ова лето во Грција, според проценките на властите, се д војно поголеми од лани, пишува весникот „Вима“.  Пожарите ова лето досега уништија околу 15 илјади хектари шуми и насади, а во истиот период минатата година тие штети се проценуваа на осум илјади хекари опожарено земјиште.

Весникот коментира дека досега уништеното земјиште е двојно поголемо од минатата година, а причина за тоа се помалото количество на дождови, како и слабите снежни врнежи во текот на минатата зима.

Властите сметаат дека најголема штета од пожарите има претрпено островот Хиос, каде е утврдено дека изгореле површини од 5.242 хекари шуми и насади. По Хиос, се Родос, Мармари, јужниот дел на Евбеја, Дервенохорија, Централна Грција и островот Самос.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Балкан

This module can not work without the AcyMailing Component