mksqen

Рекорден број гнезда на морските желки на Закинтос

Рекорден број гнезда на морските желки на Закинтос

Типографија

Повеќе од 500 гнезда на морските желки биле регистрирани со студијата на Друштвото за заштита на морските желки на Грција, во националниот морски парк Закинтос на истоимениот остров.

Овие податоци се охрабрувачки според друштвото, и со нив 2016 година станува најпродуктивна година за видот во последнава деценија.

  • И покрај позитивните чувства, останува загриженоста околу опстанокот на овој вид морски желки. Ова значи дека треба уште поголеми напори да се вложат за да се предупредат посетителите на плажите во паркот паркот - велат од управата на паркот, пренесува агенцијата „Грик репортер“.

Закинтос, во Јонското море, стана светски познат како „островот на морските желки“, но за да го задржи овој епитет, ќе мора да се засилат активностите за заштита на видот.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Балкан