mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Бугарија на суд бидејќи не ги штитела птиците

Бугарија на суд бидејќи не ги штитела птиците

Типографија

Европската комисија ќе поднесе тужба против Бугарија пред Европскиот суд на правдата, поради запоставувањето на ретките видови птици и негрижата за нивните живеалишта на планината Рила.

Бугарските власти не успеале да обезбедат подобра заштита на регионот, која би била соодветна за опстанокот на дивите птици во него.

Планинскиот масив на Рила е највисок на Балканот и е дом на 20 загрозени видови птици, со што е едно од најбогатите такви подрачја во целата Европска унија.

Според законодавството на ЕУ, земјите-членки се должни да ги утврдат областите што треба да се стават под заштита и да преземат соодветни мерки за нив.

Иако дури 72 отсто од Рила е заштитено подрачје, сепак тоа не било доволно за да ги покрие важните подрачја за 17 загрозени водови птици како Евроазискиот пигмејски був, Трипрстиот клукајдрвец, Црниот клукајдрвец и други.

Голем број видови птици во Европа се во опаѓање, што предизвикува нарушување на еколошката рамнотежа.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Балкан