mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Мечките од Централен Балкан се будат од зимски сон

Мечките од Централен Балкан се будат од зимски сон

Типографија

Две мечки со ГПС ремени на вратот се регистрирани дека ги напуштиле зимските легла во Централен Балкан кон крајот на февруари и почетокот на март што е порано од вообичаеното.

Животните биле означени за научна цел минатата година. Со наближувањето на зимата експертите го забележале нивното движење во заштитената територија.

Прв се разбудил кафеавиот мечок, именуван Андреј, кој е меѓу пет и седум години. Сигналот од неговиот ремен е добиен на 26 февруари од паркот во регионот под резерватот „Распеани карпи“.

Сигналот од тригодишниот мечок Пламен е од 4 март, емитуван е блиску до резерватот „Северен Џендем“, кој е со најголема надморска височина во паркот. Лоциран е на северните падини на врвовите Ботев и Русалка, а во природни шуми таму се засолнати многу различни животински видови.

Двајцата мечоци не се единствените жители на паркот кои ги напуштиле зимски живеалишта. На крајот на февруари за време на следење на ноќни птици грабливки вработени во паркот набљудувале мечка со две едногодишни мечињата.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Балкан