mksqen
20
Саб, Апр
0 Нови / 7 дена

Белград доби соларен контејнер со интернет

Белград доби соларен контејнер со интернет

Типографија

Белград има добиено еден необичен контејнер, кој е на соларен погон, а наскоро ќе добие и бежичен интернет.

Намерата е сите оние што ќе бидат во негова близина да можат да имаат WiFi врска. Оваа новина „Градската чистота“ ја има добиено пред неколку дена. Два вакви контејнера се веќе поставени и тоа еден на Теразија, покрај автобуската станица, а другиот е на почетокот на Кнез Михајлова, во близина на такси станицата.

По изглед овие контејнери се разликуваат од обичните. На многумина им личат на поштенско сандаче, па многу белграѓани се обиделе во нив да стават писмо.

  • Двата паметни контејнери за рециклирање и за ситен отпад ги добивме на проба.  Тие имаат соларен полнач, место за реклама, а во нивна близина ќе има и зона со бесплатен интернет - вели директорот на „Градска чистота“ и се надева дека во градот ќе бидат поставени уште вакви контејнери затоа што се многу практични.

Механизмот кој постои во нив работи на соларна енергија и го гмечи отпадот. Кога контејнерот ќе се наполни информацијата автоматски се проследува до мобилните телефони на вработените во „Градска чистота“, а потоа тие ангажираат екипа која оди да го испразни контејнерот. Како што информираат од претпријатието контејнерите ноќе и во зима може да работата и на електрична енергија.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Балкан