Американската агенција за меѓународен развој УСАИД на комуналните претпријатија во Шид им доставила опрема за управување со отпадот во вредност од 83 илјади долари.
Претпријатието „Стандард“ добило десет големи контејнери за цврст отпад, а „Водовод“ добило возило за одвезување на течен отпад.
Новата опрема ќе овозможи услуга за 35 илјади жители на Шид, за јавните институции и претпријатија, како и за три приватни центри во општината.