mksqen
20
Саб, Апр
0 Нови / 7 дена

Квотите за соларни централи во БиХ исполнети до 2020 година

Квотите за соларни централи во БиХ исполнети до 2020 година

Типографија

Инвеститорите што планираат изградба на соларни централи во Федерацијата на Босна и Херцеговина ќе мора да се откажат, бидејќи не постојат повеќе достапни квоти пред 2020 година.

Податоците од Операторот за обновливи извори на енергија на БиХ покажуваат дека новите квоти ќе бидат достапни во 2020 година, но и тогаш ќе има само шест достапни киловат часови.

Во согласност со Законот за употреба на обновливите и комбинирани извори на енергија  периодот за задолжително купување од микро централи по субвенционирани цени трае 12 години. Микро електрани се објекти со капацитет од два до 23 киловат часови, кои чинат околу 35 илјади евра.

По тој период, продавачот има право на гарантиран откуп на енергија во референтната цена. По тековни цени, оваа инвестиција се исплаќа по четири до пет години, а потоа почнува да се претвора во профит.

Министерството за енергетика, рударство и индустрија потврдува дека е во потрага по начин да се зголеми квотата за соларна енергија. Единствената причина зошто таа се уште не е зголемена, министерството се вели, е дека квотата зависи од средствата потрошени на субвенции.

Босна и Херцеговина има голем потенцијал за обновливи извори на енергија, дури и принцот на Јордан беше заинтересиран за изградба на соларни централи таму. БиХ има обврска кон Европската унија да се зголеми уделот на обновливите извори на енергија во вкупната потрошувачка до 40 отсто.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Балкан