mksqen
16
Вто, Апр
0 Нови / 7 дена

Се прехрануваат птиците во природниот парк Јегричка

Се прехрануваат птиците во природниот парк Јегричка

Типографија

Чуварите во парковите на природата под надлежност на јавното претпријатие Води на Војводина редовно ги хранат приците во паркот Јегричка, за да ги спасат за време на ниските температури, соопштија од претпријатието.

Оттаму додаваат дека поради замрзнатата вода, птиците што живеат во паркот, меѓу кои има и заштитени видови, имаат потежок пристап до храна.

Чуварите, соопшти претпријатието, патролирале во сите делови од паркот и засега не забележале угинати птици поради студениот бран. Но итно морале да се набават околу 250 килограми пченка за да се нахранат лебедите, патките и другите видови птици во заштитеното подрачје. Хранењето се организира на четири локации.

Се наведува дека чуварската служба и натаму ќе ја прати состојбата и кога температурите ќе пораснат за неколку степени, ќе направат и дупки во мразот за да им обезбеат повеќе кислород на рибите.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Балкан