mksqen
18
Чет, Апр
0 Нови / 7 дена

Ослободени замрзнатите лебеди во Нови Сад и во Земун

Ослободени замрзнатите лебеди во Нови Сад и во Земун

Типографија

Лебедите на кејовите во Нови Сад и во Земун, кои беа заробени во замрзнатата вода на Дунав, се ослободени, соопшти Друштвото за заштита и проучување на птиците на Србија.

Во акцијата за да им се помогне на овие птици учествувале активисти на оваа и на други организации.

  • Птиците се слободни. Лебедите добија храна, шетаат или спијат на мразот. Тоа е потполно нормално однесување - велат од друштвото.

Во акцијата во Земун учествувала и организацијата Animal Rescue Serbia. Друштвото предупредило дека државните служби што се занимаваат со заштита на природата и на животната средина, како и ветеринарните установи и корисниците на ловиштата се надлежни да реагираат кога се појавуваат вакви проблеми.

Оттаму исто така апелираат до граѓаните да им помогнат на дивите птици додека трае студениот бран. Во апелот се вели дека ниските температури се особено опасни за малите птици како врапчињата, зебите и дроздовите, кои тешко доаѓаат до храна и се најизложени на замрзнување. Заштитарите порачуваат граѓаните да помогнат така што ќе им обезбедат на овие птици храна како сончоглед или житарици, или ќе им оставаат свежа незамрзната вода за пиење.

  • Ситуацијата е доста сериозна, особено во водите каде што во текот на зимата живеат околу 350.000 патки, гуски, лебеди, галеби, корморани, нуркачи, чапји и други птици, и за својата исхрана зависат од водата - велат од друштвото.

Тие додаваат дека замрзнувањето ги тера птиците да се собираат главно околу реките, каде што се соочуваат со недостиг од храна, вознемирување, па и убивање. Се наведува и дека големите студени бранови се сметаат за елементарни непогоди, па поради тоа го повикуваат Министерството за земјоделство и за заштита на животната средина итно да го запре ловот на сите диви животни. Таков потег веќе бил направен во Црна Гора, каде што надлежното министерство го забранило ловот на целата територија.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Балкан