mksqen

Екстремно ниски температури во Србија, Хрватска и БиХ и прва жртва од студ во Албанија

Екстремно ниски температури во Србија, Хрватска и БиХ и прва жртва од студ во Албанија

Типографија

Според податоците на српскиот Републички хидрометеоролошки завод утрово најстудено било во Сјеница, каде се измерени минус 27 степени, а потоа следат Лесковац со минус 25, Копаоник со минус 24 и Куршумљива со минус 23 степени.

Метеоролозите прогнозираат дека студеното време во Србија ќе се задржи до среда со температури од минус 18 до минус 10, а на планините до минус 25 степени.

Поради студениот бран  во Хрватска во сила е црвено предупредување на метеоалармот.

Додека претходните денови предупредувањето важеше само за крајбрежјето, денеска црвениот аларм важи и за подрачјето на Славонија.

Во Славонски Брод утрово измерени се минус 19,9 степени Целзиусови, а во Осиек минус 18.

Во Загреб температурата се слушти до минус 8,2 степени, во Сплит минус 4,5. а во Дубровник минус шест степени.

И во поголемиот дел на Босна и Херцеговина утрово имаше поларни температури, а најстудено беше во Сокоц со минус 28 степени.

За екстремно ниска температура се смета минималната температура во ниските предели од минус 20 до минус 16, а на повисоките места под минус 20 степени.

Во Албанија пак регистрирана е првата жртва од студениот бран што ја зафати земјата изминатите денови.

Станува збор за лице на возраст од околу 35 години,  евидентиран  како бездомник, кој најчесто пресојувал во населбата број 17 во пристанишниот град Драч. Според жители на населбата тој бил лице со психички проблеми.

Во врска со настанот реагираше и Народниот правобранител Игли Тотозани, кој искажа длабоко жалење за загубата на животот на еден бездомник.

  • Ова е човечка трагедија, која предупредува. Локалните функционери не треба да чекаат бездомниците или сиромашните да ги заземат нивните канцеларии туку да излезат на терен заедно со своите вработени за да ги идентификуваат луѓето кои имаат потреба и да им пружат помош и засолниште - истакна Тотозани.

Инаку, целата територија на Албанија е закована во снег и студ. Ноќва регистрирана е темпераура од минус 21 степен. Дебелината на снежната покривка во одделени населени места, посебно во подрачјата на Кукс, Скадар, Пук, Пешкопеја, Корча достигнува и до 1,5 метри. Проблеми има во нормалното снабдување со електрична енергија, многу села се сеуште завеани а движењето по националните патишта е неможно без синџири.  

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Балкан