mksqen
16
Вто, Апр
0 Нови / 7 дена

Нов извештај ја потврдува важноста на лагуната Нарта во Албанија

Нов извештај ја потврдува важноста на лагуната Нарта во Албанија

Типографија

Новиот технички извештај потврдува дека лагуната Нарта во Албанија е од особена важност за птиците.

Оваа лагуна се наоѓа на неколку километри од градот Валона и е една од најголемите и најважни крајбрежни водени површини во Албанија поради својот богат биодиверзитет, и претставува едно од најважните места за птиците што презимуваат во земјата или што мигрираат преку неа. Сепак, птичјите видови што се гнездат во лагуната се уште се слабо проучени, велат од организацијата за заштита на природата во Албанија, ППНЕА.

Минатата година, во рамките на проектот „Земја на орли и на замоци“, заеднички тимови на организациите БСПБ од Бугарија и ППНЕА од Албанија спроведоа истражвање со цел да се прошират знаењата за видовите птици што се гнездат во лагуната, нивната бројност, распространетоста, како и со кои закани се соочуваат. Истражувањето се состоело од две теренски посети во април и во мај, како и собирање податоци преку посебен софтвер. Вкупно биле набљудувани 136 видови птици, од кои два вида се во категоријата ранливи видови, а пет се речиси загрозени, според црвената листа на IUCN. 58 видови се сметаат за загрозени во Европа, а 33 во Албанија. Од птиците што се гнездат на локацијата, биле набљудувани 6.349 пара од 85 вида.

Врз основа на овие резултати се направени препораки за понатамошно управување со областа што би овозможило заштита на птиците и еколошки туризам.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Балкан