mksqen
20
Саб, Апр
0 Нови / 7 дена

Научниците и еколозите се за спасување на Кресненската клисура

Научниците и еколозите се за спасување на Кресненската клисура

Типографија

Заштитниците на природата во Бугарија бараат да се направи алтернативен пат околу Кресненската клисура.

Потребата од алтернативен пат ја истакнуваат Националниот природонаучен музеј, неколку еколошки организации, Институт за зелена политика, информативниот и наставен центар по екологија и здружението „За земјата“.

Станува збор за стручни мислења за оценка на влијанието врз животната средина со кои сите овие институции и организации ја оправдуваат идејата за алтернатива за трасата на Кресненската клисура.

На овој начин ќе се овозможи на агенцијата „Патна инфраструктура“ и на целата Влада да побараат дофинансиране на проектот од страна на Европската комисија.

Мислење во истата насока е поднесено и со потписи на 108 научници и специјалисти за заштита на биолошката разновидност. Тие повикуваат агенцијата да направи алтернатива со која ќе се  избегне уништувањето на Кресненската клисура, чиј биодиверзитет е од европска важност. Еколошки организации потсетуваат дека изградбата на автопатот е можно само ако се исполнат еколошките барања според националното и европското законодавство.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Балкан