mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Буна за реката Буна

Буна за реката Буна

Типографија

Откако тече 19 километри по земја, реката Буна извира на површината на 12 километри од Мостар, кај местото Благај. Тоа создава спектакуларна глетка која привлекува огромен број туристи, а претставува и еден од најголемите слатководни извори во целиот регион.

Над самиот извор се наоѓа зачувано дервишко теќе, заштитен споменик на културата.

Текот на Буна е долг само девет километри на површината, и потоа се влева во Неретва кај истоименото место. Токму таму се планира изградба на две мали хидроцентрали, Буна 1 и Буна 2, проект на инвеститорот „Херцеговина - градежно занаетчиство“. Надлежните институции на Босна и Херцеговина веќе издале еколошка дозвола, но 19 организации се кооординираат и се обидуваат да го оспорат проектот по судски пат.

  • Студијата е направена површно и без никакви важни анализи, а податоците се многу стари, некои дури 60 години. Не е земена во предвид близината на локалното население што тука живее со векови и многу пати се соочувало со поплави, а овие проекти само би го влошиле тоа. Треба да се земе во предвид и уништувањето на споменикот на природата, бидејќи сливот на Буна во Неретва е заштитен од втора категорија, а целиот тек на Неретва во општината Мостар е ставен под трета категорија заштита. Ова е локалитет од непроценлива вредност за Херцеговина. Има опасност и од уништувањето на ендемските видови што се заштитени во Босна и Херцеговина, а на овој локалитет има вкупно 22 такви видови - вели Оливер Араповиќ од здружението Мајски цвет, една од организациите што ја туркаат иницијативата.

Според Араповиќ, хидроцентралите ќе бидат исплатливи само за инвеститорот, а на штета на сите што од своите месечни сметки за струја плаќаат субвенции за нив.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Балкан