mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Месојадно растение најдено во Преспа првпат по 20 години

Месојадно растение најдено во Преспа првпат по 20 години

Типографија

Ретко месојадно растение било најдено во Преспанско Езеро за време на редовна набљудувачка сесија, соопшти Меѓународната унија за заштита на природата (IUCN) пренесувајќи информација од Македонското еколошко друштво (МЕД), чии членови биле вклучени во набљудувањето.

Станува збор за водно растение со латинско име Aldrovanda vesiculosa, кое од Меѓународната унија го нарекуваат и „растение воденица“ (waterwheel plant) поради неговата форма.

Ова е првпат по 20 години ваков вид да се најде во Преспа, и во Македонија воопшто. На листата на IUCN видот е категоризиран како загрозен. Фактори што негативно влијаат на неговиот опстанок се урбаниот развој, земјоделството, прекумерното користење на водите, нарушувањето на екосистемите и загадувањето.

Станува збор за растение кое нема корен, само стебло долго од шест до 40 сантиметри, и листови наредени во круг, кои на краевите се во форма на чашки (оттаму асоцијацијата со воденичарско тркало). Со нив растението фаќа мали водни инсекти и безрбетници, со кои се прехранува. Тоа е едно од ретките растенија во светот што е способно да изведува брзи движења. Поради нарушувањето на екосистемите, одржливи популации опстанале на само педесетина места во светот, во Европа, Африка, Азија и во Австралија.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија