mksqen

Со судска наредба канадскиот рис добива поголема заштита во САД

Со судска наредба канадскиот рис добива поголема заштита во САД

Типографија

Федерална судијка во САД одлучила да се зголемат подрачјата под заштита во државите Ајдахо, Монтана и Колорадо заради канадскиот рис, ретка дива мачка што живее на Карпестите планини и во планински шуми на други места.

Судијката Дана Кристенсен пресудила дека американската Служба за заштита на рибите и на дивиот свет постапила погрешно во 2014 година, кога ја ревидирала својата одлука во врска со тоа колкави подрачја треба да бидат под заштита.

Иако не се знаат точните бројки, овој рис е категоризиран како „под закана“ во САД, а го има во поголем број во Канада и на Аљаска.

Во 2009 година американската служба определила 101.000 квадратни километри да се стават под заштита заради рисот (територија околу четири пати поголема од Македонија). Заштитарите ја тужеле службата бидејќи сметале дека со нејзината одлука не се обезбедува доволна заштита. Федерален судија во 2010 година пресудил дека површината треба да се зголеми, но наместо тоа, во 2014 година службата прецизно определила дека под заштита се ставаат точно 100.890 квадратни километри, по што следувала и нова тужба прови нејзината одлука. Судијката Кристенсен наредила да се зголемат површините.

Мајкл Гарити, претседател на Алијансата за диви Карпести планини ја поздравил одлуката и ја обвинил американската служба дека со години ја одолговлекува заштитата на рисот.

  • Бројноста на рисовите и натаму е во опаѓање, додека агенцијата што е одговорна за нивниот опстанок дозволува да се уништува територијата што е важна за тој да живее и да се размножува - вели Гарити.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет