mksqen

Деветмина загинаа во свлечиште во Гватемела

Деветмина загинаа во свлечиште во Гватемела

Типографија

Најмалку девет лица загинаа во свлечиште предизвикано од обилните дождови во сиромашна импровизирана населба, во предградие на престолнината Гватемала, соопштија локалните власти.

Трагедијата се случи во вторникот навечер, во јужната населба Виља Нуева, кога камион излизгал од патот и удрил во група куќи, по што се влошило веќе постоечкото свлечиште, соопшти синоќа Давид де Леон, портпарол на националната служба за вонредни ситуации.

  • Свлечиштето однесе девет животи. Едно лице е префрлено во болница, едно се смета за исчезнато, а 45 луѓе се засегнати од непогодата - изјави Де Леон.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет