mksqen

Глобалното затоплување почнало порано отколку што се мислело

Глобалното затоплување почнало порано отколку што се мислело

Типографија

Континентите и океаните на северната хемисфера почнале да се затоплуваат со употребата на фосилни горива во времето на индустриската револуција од пред 200 години, што значи дека глобалното затоплување предизвикано од човекот почнало во средината на 19 век.

Првите знаци за затоплување се регистрирани во 1830-тите во тропските океани и на Арктикот. Тоа укажува дека климатските промени што се забележуваат денес датираат од пред 180 години.

Австралиски научници нашле докази за раните фази на глобалното затоплување преку проучување на 500-годишни податоци на годовите на дрвјата, коралите и на ледените покривки, кои се природна архива на историските температури на Земјата. Голем дел од познатата климатска историја се базира на податоци добиени со инструменти што се користеле од 1880-тите. Но иако тие се добри за следење на промените во 20 век, го промашуваат почетокот на трендот на затоплување.

  • Многу се знае за климатските движења за времето откако имаме податоци добиени со инструменти. Но сакавме да видиме дали тие ја даваат целосната слика - вели Нерили Абрам, научник од Австралискиот национален универзитет.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет