mksqen

Тропската бура Хермина усмрти две лица во САД

Тропската бура Хермина усмрти две лица во САД

Типографија

Тропската бура Хермина предизвика смрт кај две лица, минувајќи над југоисточните американски држави од Флорида до Вирџинија.

Бурата над копното ја загуби својата ураганска сила. Стихијата, меѓутоа, повторно собра моќност додека се движеше на север, крај американското атлантско крајбрежје, заканувајќи се со поројни дождови и силни ветрови.

Силниот ветар во Северна Каролина преврте камион, а возачот загина. Четири лица се поврдени кога мало торнадо, предизвикано од Хермина, преврте два трејлера. Дрво што паднало од силниот ветар во Флорида усмрти бездомник. Бурата предизвика штети на многу згради и без струја остави илјадници луѓе.

Според последните податоци, Хермина се наоѓа крај Северна Каролина, движејќи со брзина од 24 километри на час во правец исток-североисток.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет