mksqen

Бан Ки-мун оптимист за климатскиот договор

Бан Ки-мун оптимист за климатскиот договор

Типографија

Генералниот секретар на Обединетите Нации, Бан Ки- Мун, денеска изрази оптимизам дека кон Париската спогодба за климата, откако ја потпишаа и Кина и САД, формално ќе се придружат доволен број земји и дека таа ќе стапи во сила, јавија американските медиуми.

Спогодбата за климата, постигната во Париз минатата година, за да стапи во сила, потребно е формално да ја поддржат 55 земји, потсетуваат американските медиуми.

Зборувајќи во Хангџу, местото на оддржување на самитот на Г20, што почнува утре, Бан денеска кажа дека се надева дека до крајот на годината доволен број земји ќе се приклучат на спогодбата.

Првиот човек на светската организација, исто така, им одаде признание на Кина и на САД затоа што „заедно работеле на постигнувањето резултат што ниту една земја не може сама да го постигне“.

Бан денеска ги прими документите од американскиот претседател Барак Обама и од претседателот на Кина, Кси Џинпинг, со кои нивните земји и формално се приклучија кон спогодбата за климата.

Кина и САД произведуваат 38 отсто од вкупното количество емисија на јаглерод-диоксид во светот.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет