mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Добри вести: луѓето помалку и` наштетуваат на природата отколку порано

Добри вести: луѓето помалку и` наштетуваат на природата отколку порано

Типографија

Штетните ефекти од човековите активности врз животната средина и натаму се во пораст, но се намалуваат стапките со кои тие растат поради поефикасното користење на природните ресурси, покажал еден нов извештај.

Студијата објавена во магазинот „Нејчр Комјуникејшнс“ користела податоци од сателитски и од теренски набљудувања. Научниците успеале да направат мапи со кои се покажува човековото влијание врз животната средина во периодот од 1993 до 2009 година. Според тие податоци, иако бројот на населението во овој период се зголемил за 23 отсто, а светската економија имала раст од 153 отсто, штетните ефекти врз животната средина се зголемиле за само девет отсто.

  • - Охрабрувачки е тоа што нашето штетно влијание се зголемува многу побавно од стапката на економски раст и на раст на населението. Тоа значи дека сме поефикасни во користењето на природните ресурси - вели Оскар Вентер од Универзитетот на Северна Британска Колумбија, главен автор на студијата.

Во богатите држави дури било забележано намалување на човековото влијание врз животната средина. Но според истражувачите, една од можните причини за тоа е што овие држави во поголема мера ги задоволуваат своите потреби за храна и за суровини со увоз од други држави. На пример, 40 отсто од говедското месо произведено во амазонскиот регион се консумира во земјите на Европската унија. Тоа овозможува во европските држави да има помалку сточарство и помалку штетни ефекти од него.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет