mksqen

Рекорден број загинати од удари од гром во САД

Рекорден број загинати од удари од гром во САД

Типографија

Со двете последни жртви од удари од гром во САД, вкупниот број загинати на овој начин годинава се искачи на 29, што е рекорд од 2010 година наваму, соопшти Националната метеоролошка служба.

Последните два инцидента се случија во државите Колорадо и Мичиген. Со тоа веќе се надмина вкупниотброј од минатата година од 27 загинати, иако до крајот на годинава има уште пет месеци. Најголем број од смртоносните удари се случиле во јули (12) и во август (8).

Бројот на смртни случаи е сепак многу помал од 1940-тите и 1950-тите, кога стотици луѓе годишно гинеле од громови, но тоа е бидејќи тогаш имало многу повеќе фармери на отворено во полињата. Статистички, според метеоролошката служба, шансите некој да биде удрен од гром кога било во животот се 1:12.000. Исто така, во просек на десетмина погодени има по еден загинат од ударот. Но Џон Џенсениус, експерт од оваа област во Националната метеоролошка служба, повикува луѓето да бидат внимателни и да не остануваат надвор кога има грмотевици.

  • Ако сте доволно блиску да ги слушнете, доволно сте блиску и да бидете удрени - вели Џенсениус.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет