mksqen

Дворовите со повеќе природа се поопасни за живиот свет

Дворовите со повеќе природа се поопасни за живиот свет

Типографија

Дали човекот и дивите животински видови треба да живеат сосема одвоено?

Голем број луѓе во Северна Америка сакаат да живеат во поблизок контакт со природата, во предградија со многу дрвја и зеленило, каде што околу куќите може да се видат разни животни и особено птици. Но една нова орнитолошка студија покажала дека токму тој тип населби биле најсмртоносни за птиците.

Стотици милиони птици годишно умирале удирајќи се во прозорци на северноамериканскиот континент. Но иако се верувало дека нивни најголеми убијци се големите облакодери во градските центри, тоа важи само ако се гледа придонесот на секој објект поединечно. Поточно, во една куќа во предградието може да има само неколку такви случаи во текот на годината, а во една висококатница многу повеќе. Но бидејќи има неспоредливо многу повеќе куќи отколку облакодери, а освен тоа природната средина и богатата вегетација во предградијата е многу попривлечна за птиците отколку бетонската џунгла во центрите, тоа значи дека во нив угинуваат многу повеќе птици.

Ова го утврдила истражувачката Џастин Кумер од Универзитетот на Алберта, Канада, во соработка со голем број сопственици на домови во предградијата, од кои ги собирала податоците.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет