mksqen

Олимписките објекти ќе се расклопат и од нив ќе се направат јавни згради

Олимписките објекти ќе се расклопат и од нив ќе се направат јавни згради

Типографија

Градот Рио де Жанеиро ќе се обиде да не ја доживее судбината на претходните градови-домаќини на Олимписките игри, каде што, откако завршила големата спортска манифестација, целата инфраструктура и сите објекти биле оставени да пропаѓаат.

Стадионот „Птичјо гнездо“ во Пекинг (од 2008 година), на пример, има годишни трошоци за одржување од 11 милиони долари, а е речиси постојано празен. Олимписките содржини во Атина, пак, (2004 година) се целосно руинирани. Рио е решен да ги трансформира во нешто покорисно, користејќи „номадска архитектура“, како што ја опишува градоначалникот Едуардо Паиш. Сето тоа ќе се спроведе откако ќе завршат и Параолимписките игри.

Салата „Фјучр арена“ што се користеше за ракометните натпревари, ќе се претвори во четири државни училишта во соседните квартови Жакарепагва и Бара, како и во Сау Кристовау. Секое училиште ќе има капацитет за 500 ученици. Центарот за водни спортови исто така ќе се расклопи и ќе се склопи како два општински базена. Центарот за новинари ќе се претвори во интернат за студенти. Олимпискиот парк, пак, ќе стане јавен парк или плоштад.

  • Начинот на кој се пренесува личи на Лего. Салата е направена од помали модуларни делови кои се поврзани. Дури и водоводот и каблите се проектирани така што не треба да бидат истргани - вели Бил Нехуеј од американската компанија АЕКОМ, која го изработи главниот план за олимписката инфраструктура во овој дел.

Привремената архитектура е концепт што се користеше и во Лондон во 2012 година, и се смета дека во тој правец ќе се развива архитектурата на спортските објекти за големите настани. Но не се сите убедени дека концептот е толку лесно остварлив. Америанскиот порфесор Џеј Коукли вели дека проблемот е што многу нешта не биле планирани. Според него, на пример не може нешто едноставно да се претвори во училиште, без пред тоа да се обучат наставници и да се создаде наставна програма.

  • И покрај добрите намери, користа ретко стигнува до социјално исклученото население - потенцира Коукли.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет