mksqen
18
Чет, Апр
0 Нови / 7 дена

Истражување: птиците спијат и додека летаат

Истражување: птиците спијат и додека летаат

Типографија

Научниците за првпат откриле дека птиците може да спијат и додека летаат. Нилс Ратенборг од Институтот за орнитологија Макс Планк, заедно со својот меѓународен тим, ја мереле мозочната активност на птиците-фрегати и откриле дека тие заспиваат во летот со по една мозочна хемисфера наизменично, или со двете одеднаш.

Летајќи птиците спиеле по еден час дневно, многу помалку отколку кога биле на земја, и нејасно е како успеваат да живеат со толку малку сон.

Како што е познато, постојат многу видови птици што летаат нон-стоп со денови. Знаејќи колку негативно се одразува недостигот од сон врз способностите на секој организам, научниците претпоставувале дека тие мора некако да спијат додека летаат. Со ова истражување се потврдило дека тоа е можно. Спиејќи со по една хемисфера од мозокот, птиците можеле истовремено да летаат и да спијат без да се удрат во ништо.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет