mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

„Би-би-си“ ја заменува британската метеоролошка служба со приватна фирма

„Би-би-си“ ја заменува британската метеоролошка служба со приватна фирма

Типографија

Временската прогноза на Би-би-си, која ја следат милиони Британци, од следната година ќе се обезбедува од приватна компанија, наместо од британската метеоролошка служба. Управата на државната телевизија на Велика Британија објави дека фирмата Метео Груп од Лондон од следната пролет ќе ја преземе оваа обврска, а Би-би-си со тоа ќе заштеди милиони фунти. Соработката меѓу Би-би-си и државата метеоролошка служба трае 94 години.

Со Метео Груп е склучен седумгодишен договор со кој треба на корисниците на интернет да им се овозможи поперсонализиран пристап и повеќе информаци, и во програмата, и на мобилната апликација на Би-Би-Си за временска прогноза.

  • Оваа одлука значи дека во иднина можеме да ја модернизираме нашата временска прогноза и да го искористиме максимумот на технологијата и на науката за да и` обезбедиме на публиката уште повисок квалитет - вели продуцентот и проектен директор на временската прогноза на Би-Би-Си, Најџел Чартерс.

Како што објави телевизијата, државната метеоролошка служба не ни влегла во последната фаза од тендерскиот процес.

Метео Груп веќе обезбедува временска прогноза за Скај Њуз и за Канал 4. Тоа е најголемата прифатна компанија за временска прогноза во Британија, која има канцеларии во 17 земји. Основана е во Холандија во 1986, а се префрлила во Лондон во 2005 година. Ќе се следи внимателно колку прогнозите на фирмата ќе се поклопуваат со тие на државната служба, и дали ќе се повторат гафовите со големи грешки во временската прогноза.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет