mksqen

Прогноза: следната година ќе биде постуденa

Прогноза: следната година ќе биде постуденa

Типографија

Планетата веројатно ќе здивне од растечките температури во 2017 година, соопшти група научници.

Неодамна беше соопштено дека јули бил најжешкиот месец на Земјата откако се мерат температурите, односно од 19 век. Прогнозата на НАСА е дека има 99 отсто шанси 2016 година да заврши како рекордно топла година, потопла и од 2015 и од 2014. Но мала е веројатноста дека рекордот повторно би бил пробиен во 2017 година, бидејќи слабее влијанието феноменот Ел Нињо, кој предизвикува раст на температурите во Пацификот.

  • Следната година веројатно ќе биде постудена од оваа - вели Фил Џонс од одделот за климатски истражувања на Универзитетот на Источна Англија.

Состојбата била слична во 1998 година, кога поради силното влијание на Ел Нињо биле измерени рекордни температури, кои останале ненадминати дури до 2005 година, па многумина верувале дека глобалното затоплување запрело.

  • Ако 2017 година е постудена, веројатно скептиците за глобалното затоплување ќе ја користат таа информација во своја полза. Но на долг рок трендот е кон затоплување, иако има природни варијации - истакнак Жан Ноел Тепо, кој раководи со Коперник центарот за климатски промени во Европскиот центар за среднорочни временски прогнози.

Се верува дека падот на температурите по рекордот во 1998 година придонело кон тоа светските влади да не обрнуваат доволно внимание на климатските промени, а тоа резултирало со зачестени топлотни бранови, поплави, невремиња и раст на нивото на морињата. Затоа научниците сега сметаат дека треба да бидат внимателни и да не предизвикаат нови сомнежи.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет