mksqen

Кина става ред во најзагадувачкиот сектор - рударството

Кина става ред во најзагадувачкиот сектор - рударството

Типографија

Кина планира да ги подигне еколошките стандарди во рударскиот сектор, според предлог-мерките што ги подготвило Министерството за заштита на животната средина.

Поради се` поголемата загриженост за загадувањето на околината во земјата, кинеските власти преземаат многу мерки и ги заоструваат законските прописи во многу области, во обид да ги надминат проблемите. Токму рударството го имаше клучниот придонес во брзиот економски раст на Кина, но ниските стандарди и слабите регулативи придонеле тоа да загади огромни делови од земјата, каде што и почвата и водата се небезбедни за човекот.

Со новите регулативи, на рударските компании ќе им се наметне обврска да прочистуваат до 85 проценти од отпадните води што ги испуштаат, како и да изградат соодветни системи за справување со цврстиот отпад. Тие исто така ќе треба да го вратат земјиштето што го искористиле во првобитна состојба, и да ги намалат емисиите на штетни гасови уште додека рудниците работат, наместо како досега, да преземаат мерки дури откако почвата и водата ќе станат премногу загадени.

Дури 16 проценти од почвата во Кина ги надминува максималните граници на загаденост, а на дури 3,3 милиони хектари е забранета секаква земјоделска активност. Подготвен е акциски план со кој треба проблемот да се стави под контрола до 2020 година, но се проценува дека за овие почви повторно да бидат употребливи за земјоделство или за одгледување добиток, би биле потребни 750 милијарди долари.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет