mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Човештвото ги потроши годишните ресурси на планетата

Човештвото ги потроши годишните ресурси на планетата

Типографија

Меѓународната истражувачка организација „Мрежа за глобален еколошки отпечаток“ проценува дека од денеска почнал еколошкиот долг, што значи дека до вчера човештвото го потрошило годишниот буџет од природни ресурси.

Овој датум доаѓа пет дена порано од минатата година, поради зголемените емисии на јаглерод-диоксид, исцрпувањето на рибниот и на шумскиот фонд, како и на човековото трошење на природните ресурси.

  • Емисијата на јаглерод диоксид е најбрзорастечки фактор на прекумерното трошење на природата, и сочинува дури 60 отсто од еколошкиот отпечаток на човештвото. Еколошкиот отпечаток ги подразбира човековите потреби за сите природни ресурси, вода, воздух, храна и енергија - се вели во соопштението.

Организацијата вели дека ако светот сака да ги постигне целите на климатскиот договор, ќе треба значително да се намалат емисиите на јаглерод-диоксид, а за тоа е потребен сосема поинаков начин на живот.

Денот на еколошкиот долг во 2000 година беше на крајот од септември, а годинава се помести на 8 август, што укажува дека човештвото секоја година се` побрзо ги троши ресурсите на планетата.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет