mksqen
18
Чет, Апр
0 Нови / 7 дена

Загадувањето е проблем на минатото, сегашен е арчењето ресурси

Загадувањето е проблем на минатото, сегашен е арчењето ресурси

Типографија

Индустриските и земјоделските капацитети во Шкотска треба да го намалат користењето ресурси, емисиите на стакленички гасови и трошењето енергија, бидејќи преголемата потрошувачка го надмина загадувањето како најголем еколошки проблем, порачува Шкотската агенција за заштита на животната средина.

Според Тери Ахерн, директорот на агенцијата, битките против општото загадување се речиси добиени.

  • Загадувањето на воздухот, водата и на земјата сега е на многу пониски нивоа од тоа што го гледавме пред неколку децении. Тоа беа проблеми на 20-от век. Но развиените економии како Велика Британија трошат речиси трипати повеќе ресурси отколку што изнесува годишниот капацитет на планетата. И затоа велам, ако имаме само една планета, треба да ја користиме многу разумно - вели Ахерн.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет