mksqen

Неодобрена ГМО пченица најдена во државата Вашингтон

Неодобрена ГМО пченица најдена во државата Вашингтон

Типографија

Генетски модифицирана пченица произведена од компанијата Монсанто, која не била одобрена од федералните регулатори, била најдена како расте во поле во државата Вашингтон, САД, соопштија американските земјоделски власти.

Откривањето на 22 растенија од неодобрената пченица поттикнала истрага од федералните и од државните служби. Ова е трет ваков случај во три години.

ГМО-пченицата ја нашол фармер, и била дел од експериментални насади на Монсанто, соопштил портпарол на вашингтонскиот оддел за земјоделство. Се испитува целото поле во околината за да се утврди дали има уште такви растенија. Засега не е пронајдена ваква пченица на пазарот.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет