mksqen

Животните во Зоолошката градина во Каракас умираат од глад

Животните во Зоолошката градина во Каракас умираат од глад

Типографија

Околу 50 животни во Зоолошката градина во Каракас, главниот град на Венецуела, последниве шест месеци угинале од глад, поради постојан недостиг од храна, јавуваат јужноамериканските медиуми.

Вработени во градината откриваат дека некои од животните биле оставени без храна цели две недели, пред да угинат.

На лавовите и на тигрите како храна им било давано овошје, најчесто манго. Вработените во Зоолошката градина во Каракас тврдат дека ситуацијата во другите градини во внатрешноста на земјата била уште полоша. Чуварите на тие градини ги молеле локалните продавачи на овошје и месарите да дадат малку храна за животните за да не страдаат изгладнети.

Властите признаваат дека животните угинуваат, но тврдат дека причината не е во недостигот на храна. Венецуелската опозиција тврди дека ситуацијата во домашните зоолошки градини претставува „метафора за она што се случува во државата“.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет