mksqen

Организацијата Правда и животна средина го добива случајот против австриските власти

Организацијата Правда и животна средина го добива случајот против австриските власти

Типографија

На 11-ти мај 2020 година, Федералниот управен суд во Австрија конечно го одобри барањето на Правда и животната средина од 2013 година, барајќи од австриската влада да ги предаде документите што содржат информации за животната средина за постапките за...

На 11-ти мај 2020 година, Федералниот управен суд во Австрија конечно го одобри барањето на Правда и животната средина од 2013 година, барајќи од австриската влада да ги предаде документите што содржат информации за животната средина за постапките за прекршоци од страна на Европската комисија против Република Австрија. Правда и животна средина побара документи за потенцијалните области на Натура 2000, бидејќи Австрија не известуваше доволно за истите. Првично, барањето беше одбиено од Федералната канцеларија во 2014 година - беше поднесена жалба од страна на Правда и животна средина.

Жалбата сега е конечно одобрена и на Федералната влада и беше наредено да ги предаде документите, како што беше побарано од Архуската Конвенција. Бидејќи решавањето на случајот траеше неколку години, за жал, предметната постапка за прекршоци е одложена.

Вистинското прашање за тоа дали треба да бидат откриени документи што содржат информации за животната средина од тековните прекршочни постапки, останува неодговорено. Европскиот суд за правда претходно го постави ова прашање кон земјите-членки на ЕУ кои обично ги одбиваат, како што беше случајот во другите процедури иницирани од Правда и животна средина на национално ниво. ПИЖС се бори за широк пристап до информации како што првично беше планирано со Архуската Конвенција и ќе продолжи да го прави тоа.

Извор: justiceandenvironment.org

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет