mksqen

Романец во мисија за освојување на 14-те врвови повисоки од 8.000 метри

Романец во мисија за освојување на 14-те врвови повисоки од 8.000 метри

Типографија

Алпинистот Хорија Колибашану (40) од романскиот град Темишвар си поставил за цел да ги искачи сите 14 врвови на Земјата повисоки од осум илјади метри. 

Тој е првиот Романец кој успеал да се искачи на највисокиот врв на планетава Монт Еверест, без резервен кислород и без помош на шерпаси.

  • Беше ужасно тешко и многу студено. Успеав. Добро сум, ќе направам снимки и слегувам - изјави Хорија веднаш откако стигна на врвот.

Како што јави Аџерпрес, и скачувањето траело приближно 12 часа, а последното застанување му било на 8.300 метри надморска височина. Еверест се наоѓа на 8.848 метри.

Сега авантуристот треба да се симне на височина под осум илјади метри, за да ја направи првата пауза, а имајќи го предвид и заморот како фактор, таа етапа е една од најризичните.

Монт Еверест е осмиот на листа од 14 врвови повисоки од осум илјади метри на кој успеа да се искачи Хорија.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет