mksqen
05
Нед, Окт
0 Нови / 7 дена

Умре најстарата поларна мечка во САД

Умре најстарата поларна мечка во САД

Типографија

Најстарата поларна мечка во САД умре во Зоолошката градина во Сан Франциско.

Мечката Улу, тешка 545 килограми, умре во 36 година од животот.

Од Зоолошката градина велат дека нејзиното здравје било влошено поради срцева слабост и старост.

Во Зоолошката градина во Сан Франциско е донесена кога имала три години. Најдена е како неколку пати претурала по депонии во канадскиот град Манитоби, а потоа е спасена од веќе закажаната еутаназија.

Улу била радознала мечка и сакала да си игра во кал, па затоа нејзиното бело крзно често било валкано и кафено.

Во февруари годинава мечката уживала и се радувала во 10 тони снег кој бил донесен по повод одбележување на Светскиот ден на поларните мечки.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет