mksqen
20
Саб, Апр
0 Нови / 7 дена

Од Кина во Холандија пренесени пар панди

Од Кина во Холандија пренесени пар панди

Типографија

Пар панди се пренесени од Кина во Холандија. Тие веќе се навикнуваат на новиот живот во Зоолошката градина.

Синг Ја и Ву Вен, се тригодишни панди од провинцијата Сечуан. Тие ќе бидат сместени во Зоолошката градина во Ренен, град со околу 20 илјади жители, кој се наоѓа во централна Холандија.

Со децении Кина на пријателските земји им ја подарува својата национална маскота во потегот наречен „панда дипломатија“.

Кина во последно време има позајмено панди на Зоолошки градини во комерцијални цели.

Околу 420 панди живеат во Зоолошките градини и резерватите, од кои повеќето се во Кина, а околу 1.864 живеат во дивина.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет