mksqen

Морските видри пред делфините почнале да користат алатки

Морските видри пред делфините почнале да користат алатки

Типографија

Морските видри употребувале камени алатки уште пред ијлада, па дури и милион години.

Се верува дека научиле да користат алатки многу пред другите морски цицачи, наведуваат научниците. Најновото генетско истражување на повеќе од стотина морски видри кои живеат во близина на брегот на Калифорнија покажало дека нивните претци уште пред милион години се однесувале слично. Често може да се види морска видра како лебди на грб и со камен ги крши морските плодови за да се прерани.

Делфините во Австралија се видени како користат сунѓери за да го заштитат својот нос додека бараат храна на морското дно, но се смета дека ваквото однесување е поново, односно по последните 200 години.

Истражувачите наведуваат дека користењето алатки кај морските видри е вродено за разлика од кај делфините.

Морските видри се наоѓаат на брегот на Тихиот океан, во Северна Америка и Азија, а поради тоа што порано луѓето ги ловеле за искористување на крзното биле пред уништување.

На почетокот на 20 век имало само илјада до две илјади морски видри, но сега се заштитени со закон.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет