mksqen

УНИЦЕФ: До 2040 година 600 милиони деца ќе бидат без вода за пиење

УНИЦЕФ: До 2040 година 600 милиони деца ќе бидат без вода за пиење

Типографија

Во извештајот на Фондот за деца при Обединетите Нации  (УНИЦЕФ) се наведува дека до 2040 година во просек едно од четири деца ќе живее во региони каде има екстремен недостиг на вода.

По истражувањето, што беше објавено на Светскиот ден на водата, ОН предупредија дека за нешто повеќе од две децении речиси 600 милиони деца ќе живеат во региони каде има сериозен недостиг на вода за пиење.

Во извештајот се наведува дека повеќе од 36 земји се соочуваат со прекумерен недостиг на вода.

Според УНИЦЕФ, децата можат да бидат изложени на дехидрација поради растечките температури и големата суша, додека дождовите и поплавите можат да ги уништат санитарните структури и да доведат до појава на болести како што е колерата.

Повеќе од 800 деца помлади од пет години секојдневно умираат поради дијареа предизвикана од лошите санитарни услови и недостигот на вода за пиење, стои во извештајот.

Сушата и конфликтите се фактори за недостиг на вода во делови на Нигерија, Сомалија, Јужен Судан и Јемен.

На повеќе од 1,4 милиони деца од тие региони исто така им се заканува „непосреден ризик од смрт“ поради глад.

Проценката на УНИЦЕФ покажува дека повеќе од девет милиони лица немаат пристап до вода само во Етиопија.

  • Без вода, ништо не може да расте - изјави генералниот директор на УНИЦЕФ Ентони Лејк, додавајќи дека недостигот на вода ја загрузува иднината на милиони деца.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет