mksqen

ЕПА доделува 100 милиони долари за надградба на системот за вода во Флинт

ЕПА доделува 100 милиони долари за надградба на системот за вода во Флинт

Типографија

Агенцијата за заштита на животната средина на САД на Мичиген ќе му додели грант од 100 милиони долари за надградба на системот за вода за пиење и за решавање на кризата во која илјадници деца во Флинт  беа изложени на труење од олово.

Гранот ќе биде за да се забрза и да се прошири работата на проектот, да се заменат оловните цевки и да работи на подобрување на системот. Се проценува дека трошоците за надградба на системот ќе бидат од 200 до 400 милиони долари.

Според ЕПА фокусот е на подобрување на водоводната инфраструктура во Флинт, како дел од една поголема цел за подобрување на целиот тој систем во Америка.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет