mksqen

Јужна Африка ќе го ограничи извозот на рогови од носорог

Јужна Африка ќе го ограничи извозот на рогови од носорог

Типографија

Владата на Јужна Африка планира да овозможи на домашниот пазар трговија со рогови од носорог, а да го ограничи извозот.

Ова предизвика загриженост кај конзервативците ширум светот кои сметаат дека тоа ќе доведе до чести напади од ловокрадци на носорози.

Според нацртот на прописите, на странците ќе им се овозможи да изнесат од земјата најмногу два рога од носорог и тоа за „лична употреба“.

Критичарите предупредуваат дека следењето на било каков извоз на роговите ќе биде многу тешко и дека најверојатно тие ќе завршат на пазарот, што е спротивно на меѓународните договори постигнати за заштита на загрозените видови носорози.

Најголемиот број од светската популација на носорози живее во Јужна Африка. Најголема побарувачка на рогови од носорог има во Азија, особено во Виетнам, која е една од најголемите транзитни точки на светот и потрошувач на рогови од слон и носорог.

 

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет