mksqen

Индонезија со една милијарда долари годишно ќе се справува со пластиката во океанот

Индонезија со една милијарда долари годишно ќе се справува со пластиката во океанот

Типографија

Индонезија се обврза да издвои до една милијарда долари годишно, за да се намали количеството пластика и друг отпад кои ги загадуваат нејзините води.

Ова го истакнал министерот за поморски работи на Индонезија Лухут Бинсар Панджаитан за време на Светскиот самит за океаните во Бали.

Панджаитан соопштил дека Индонезија планира да го намали морскиот отпад за 70 отсто за осум години. Целта тоа да се случи до 2025 година е многу амбициозна, а меѓу населението на 17 илјади острови на земјата има силно неразбирање за проблемите предизвикани од пластичен отпад.

Министерот нуди развој на индустрии кои користат биоразградливи материјали - како маниока и алги, за производство на пластични алтернативи.

Светската банка проценува дека секој од 250 милиони жители на Индонезија е одговорен за меѓу 0,8 и 1 килограм пластичен отпад годишно. Само во Кина исфрлаат повеќе отпад во океанот од Индонезија, според извештајот од 2015 година во списанието Science.

Во исто време вториот по големина загадувач на пластика во светот има најголем морски биодиверзитет на глобално ниво. Индонезија се наоѓа во срцето на коралниот триаголник. Богатите екосистеми во нејзиниот корален гребен се од клучно значење за рибарството, за осигурување на живот за милиони и се поголема привлечна сила за туристите.

Загадувањето со пластика е само една од заканите за овие услуги на екосистемите, но е доволно сериозен проблем. Неодамнешна студија предвидува дека до 2050 година е можно во светските океани да има повеќе пластика во споредба со биомаса.

Посветеноста на Индонезија е дел од новата кампања на ОН за чисти мориња, која цели да се справи со пластиката во масовните производи со одредени чекори како намалување на пластиката за еднократна употреба, на пример торби и чаши за кафе, за да врши притисок врз фирмите за ограничување на пластична амбалажа.

Девет земји веќе се приклучија кон Индонезија во кампањата, вклучувајќи го и Уругвај, кој ќе стави данок на еднократната употреба на пластични кеси и Костарика, која ветува подобро управување и образование за отпадот.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет