mksqen
05
Нед, Окт
0 Нови / 7 дена

Кратер во Сибир - порта меѓу сегашноста и минатото

Кратер во Сибир - порта меѓу сегашноста и минатото

Типографија

Огромниот кратер Баткаика во регионот Јакуцк во Сибир, меѓу локалното население е познат како „порта кон пеколот“.

Ова е еден од најголемите кратери што се отвораат во Сибир, како што се одмрзнува пермафростот (слој од постојано замрзната почва) поради климатските промени. Кратерот постојано се шири, како што растечките температури ја топат почвата и го претвораат мразот во кал и ослободуваат метан во атмосферата.

Но овој кратер е различен од другите и неговото отворање, барем за науката, има и позитивни ефекти. Неговите слоеви откриваат податоци промените на климата и за изумрениот жив свет. Практично, таа е како порта кон свет стар 200.000 години.

Кратерот е долг околу 800 метри и е длабок околу 80 метри. Се проширува за 10 до 30 метри годишно, како што се топи мразот по рабовите. Истражувачите велат и дека неговата длабочина исто така се зголемува.

Една нова студија полажала дека овој процес открива огромен број податоци за климатските промени низ вековите. Поленот зачуван во пермафростот покажува дека порано местото било отворена тундра. Два големи трупци од дрвја, пак, сугерираат дека во друго време таму имало густа шума. Пронајдени се и остатоци од мамут, говедо, и од коњ стар 4.400 години. Кога сите овие податоци ќе се поврзат, се добива слика за постепените промени на климата десетици илјади години наназад. Истражувачите се надеваат дека сето тоа може да им помогне попрецизно да предвидат што ќе се случува во наредните децении.

Професорот Џулијан Мартон од универзитетот во Сасекс, Англија, вели дека последен пат во Сибир се појавувале вакви кратери пред 10.000 години, на крајот од последното ледено доба. Тоа се гледа по остатоците од старите шуми под корењата на новите.

  • Ова веројатно се случувало при последното глобално затоплување, кога пермафростот исто така се топел - вели Мартон.

Но нивоата на стакленички гасови денес се многу повисоки од тогаш.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет