mksqen

Поранешниот директор на Фолксваген можеби знаел за измамата со издувни гасови

Поранешниот директор на Фолксваген можеби знаел за измамата со издувни гасови

Типографија

Германското обвинителство соопштило дека има доволно докази и дека се сомнева во поранешниот директор на Фолксваген, Мартин Винтеркорн дека знаел за преварата на тестовите за издувни гасови.

Винтеркорн поднел оставка во септември 2015 година, неколку денови по објавувањето на скандалот со издувните гасови во САД и тогаш рекол дека не е свесен дека направил нешто лошо.

Обвинителството соопштило дека бројот на осомничени во истрагата за Фолксваген е зголемен од 21 на 37 луѓе.

Винтеркорн и други раководни лица во Фолксваген се под истрага затоа што навреме не ги известиле акционерите за потенцијалните проблеми со кои може да се соочи претпријатието.

Американските власти во септември 2015 година откриле дека Фолксваген во дизел возилата вградувал софтвер кој во текот на тестирањата ги смалувал емисиите на штетни гасови, кои во текот на возењето се зголемуваат и до 40 пати во однос на нивото од тестирањето. 

Одговорните во Фолксваген се теретат за кршење на правилата за загадување на животната средина, за креирање на илегален софтвер за лажирање и прикривање податоци за емисијата на издувни гасови.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет